Вовед во енвироментална психологија

Еколошката психологија е интердисциплинарна област која се фокусира на меѓусебната соработка помеѓу поединците и нивната околина. Го испитува начинот на кој природaта и изградените ткива нè обликуваат како индивидуи. Областа широко го дефинира поимот средина, опфаќајќи ги природните, социјалните поставки, изградените ткива, севкупно насочувајќи го фокусот кон поединечните функционални содржини, суштински за човекот како корисник.

          Психологија на средината, односно енвироменталната психологија своите никулци ќе ги доживее како област кон крајот на 60-тите години на 20 век, кога научниците ќе започнат да ја проучуваат релацијата помеѓу човековото однесување, природните и изградени средини. Од своето зачнување, полето е посветено на развој на дисциплина која е ориентирана кон вредностите подеднакво како кон проблемите, во потрага по индивидуалната благосостојба во рамките на едно општество. При решавање на проблеми од доменот на животната средина, без разлика дали се глобални или локални, мора да се земе во предвид одреден прототип на човек кој при дистинктивни услови од средината ќе претставува репер под кои луѓето ќе реагираат добро. Овој модел може да помогне при дизајнирање, управување, заштита и / или реактивација на средини што го подобруваат разумното однесување, а кој истовремено ќе ги предвиди можните сценарија кога овие услови не се исполнети и да ги дијагностицира проблемите кои произлегуваат. Енвироменталната психологија има за цел да развива модел на корисник, воедно задржувајќи широк и инхерентно мултидисциплинарен фокус преку истражувања налик на управување со природните ресурси, ефектите од средината врз човекото делување, карактеристики на реактивираните средини, статистичка обработка на податоци за популацијата и афирмација на процесите за конзервација и реставрација. Во последно време, заедно со зголемениот фокус кон климатските промени и ограничување на урбаниот раст, се јавува потребата од иницирање теми во однос на одржливоста на животната средина.

         Оваа мултидисциплинарна парадигма не само што ја карактеризира динамиката за која се очекува да се развие еколошката психологија, таа исто така ќе претставува своевиден катализатор во привлекувањето на научни установи ширум светот при нејзиното инкорпорирање. Од таму како едукатори во развојот на енвироменталната психологија произлегуваат индивидуи со различна професионална позадина (географи, економисти, пејзажни архитекти, урбанисти, политиколози, социолози, антрополози итн. )

        Иако „еколошката психологија“ е несомнено најпознат и најсеопфатен опис на областа, напати се користат повеќе називи како когнитивна ергономија, еколошка психологија, архитектонска психологија, социо-архитектура,  социологија на животната средина, социјална екологија и истражувања за дизајнот на животната средина.

Списание за архитектура/Pencil Points, Progressive Architecture ноември, 1945 (издание XXVI No. 11) – Јануари 1, 1945
Извадок од списанието, како критика на условите во психијатриските болници од проф. Изидор Росенфилд

     Историја

           Траги за потеклото на енвироменталната психологија може да се евидентираат уште кај поетите од времето на романтизмот, како што се Wordsworth и  Coleridge, кои во своите дела ќе ја истакнат важноста за моќта на интеракцијата помеѓу човекот и природата. Во истовреме Дарвин ќе укаже на улогата на животната средина во обликувањето на еволутивните процеси, па така оваа идеја за брзо ќе започне да се прифаќа во научните кругови. Помасовно ширење на претходно споменатите тези се забележува од страна на „енвироменталните детерминисти“ кои инсистираат на ставот дека всушност контекстот со своите физички својства како и климата имаат директно влијание врз различноста на човековата популација во поглед на расната детерминираност.  За Willy Hellpach се вели дека е првиот што го споменува поимот „енвироментална психологија“ во една од неговите книги, Geopsyche, за да ја појасни правопропорционалноста на човековата активност во зависност од смената на сонцето и месечината во текот на едно деноноќие како и за влијанието на екстремните средини и ефектите врз бојата и формата. Помеѓу поистакнатите имиња кои значително ќе придонесат во развојот на психологијата на животната средина се Јакоб фон Уескул, Курт Левин, Егон Брунсвик, а подоцна Герхард Камински и Карл Фридрих Грауман.

 

           Крајот на Втората светска војна ќе ја потенцира потребата од итно имплементирање на програма за изградба по уништувањето на војната. За да ги обезбедат барањата на властите при планирање на просторот, многу земји формираат истражувачки центри кои проучуваат како луѓето го користат просторот. Во Велика Британија, Центарот за градежни истражувања ја проучувал функционалноста на површините за домување и во подоцнежните етапи нивота на бучава, греење и осветлување. Производителот на стакло Пилкингтонс основа единица за истражување на дневна светлина, предводена од Томас Маркус за да обезбеди информации за влијанието на природното осветлување во зградите и упатства за оптималните критериуми на дневната светлина при изградба. Питер Менинг ова ќе го развие понатаму во Единицата за истражување Пилкингтон на Универзитетот во Ливерпул во 60-тите години на минатиот век, проучувајќи ја еволуцијата на канцелариските простори. За таа цел вработува еден од првите луѓе што докторирале на психологија во животната средина, Брајан Велс. Следно, Маркус ќе се насочи кон испитувања за енергетска ефикасноста на зградата на Универзитетот во Стратклајд во 1968 година, ангажирајќи го психологот Дејвид Кантер. Кантер потоа заминува на Универзитетот во Сари за да воспостави програма за енвироментална психологија во 1971 година во Одделот за психологија.

         Паралелно со овие случувања, САД ќе започне да ги разгледува прашањата во дизајнот на животната средина, задржувајќи се на подобрување на концептуалните решенија на психијатриските болници. На проектите ќе работат мешани тимови од психијатри и архитекти се со цел подетално да се обработи искуството на пациентите корисници. Во меѓувреме Роберт Сомер ја пишува својата книга за „Личниот простор“,коментирајќи од аспект на антрополог за тоа како луѓето се поврзуваат за својот простор како неделив дел од идентитетот. Амос Рапопорт предизвика значителен интерес кај архитектите со својата книга „Куќа, форма и култура“, покажувајќи дека формативноста на објектите не произлегува единствено од функционалноста, туку се базира и врз искуствените перцепции на корисниците и нивните културни особености. Ова ќе придонесе за појава на архитектурата на „пост-модернизмот“ кој ги поима симболичните квалитети на архитектурата многу сериозно. 

          Овие рани случувања во 1960-тите и 1970-тите често се сметаат како дел од „архитектонската психологија“. Со воспоставувањето на програмата за енвироментална психологија на Градскиот универзитет во Њујорк, Харолд Прошански и Вилијам Ителсон ја акцентираат потребата од имплементирање на терминот Архитектонска психологија како широко користен термин за проучување на начините на кои луѓето егзистираат самостојно и во интеракција со нивната околина. Дополнителен придонес во процесот на афирмирање на овој значаен дел од психологијата дава претседателот Никсон во својата предизборна кампања за справување со проблемите на животната средина во насоката на промени во легислативите при изградба и нормативите при планирање на градските ткива поттикнат од влијанието на климатските промени и печатот на луѓето врз глобалното опкружување. 

 

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ИДНИНА

 

           Во доцните 1970-ти и раните 1980-ти, се забележуваат значителни откритија и зголемен интерес за истражување во полето на енвироменталната психологија како и предизвици при  номенклатурата, добивање на објективни и повторливи резултати, потенцирајќи го фактот што одредени истражувања се потпираат единствено врз основните претпоставки на човековата перцепција, што за една сериозна наука е недозволиво. Нејзината интердисциплинарност несомнено ги нагласува недостатоците од непостоењето на цврсто етаблирана научна основа при дефинирањето на целите при инкорпорирање во однапред детерминирани организациски структури. Според зборовите на Гвидо Франческато, психологијата на животната средина опфаќа „низа на различни методологии, концептуални ориентации и толкувања што значително ја отежнува систематизацијата и степенот на прецизност, при утврдување на нејзиниот придонес и полезност во општеството “.

„потребата од имплементирање на терминот Архитектонска психологија како широко користен термин за проучување на начините на кои луѓето егзистираат самостојно и во интеракција со нивната околина.“

   Денес, иако се почесто се потврдува сеприсутноста на енвироменталната психологија во егзистенционалните домени на модерниот човек сепак, сеуште не ги ужива правата на интердисциплинарност под закрила на психологијата. Во тој контекст Харолд Прошански, еден од основачите на еколошката психологија во 60тите ќе ја искаже својата загриженост од постоењето на енвироменталната психологија во иднина и правците во кои ќе се развива, алудирајќи на потребата за приклонување кон социјалната и когнитивната психологија.“ 

          Во понатамошната интеграција во и помеѓу различните под-домени се јавува потребата за подетално проучување на влијанијата на животната средина врз колективното делување и однесувањето на поединецот. Интензивирајќи ја својата улога во обезбедувањето на концептуални упатства за тоа како да се погледне и анализира даден амбиент заедно со соодветната контекстуална рамка, бидејќи сепак суштината на она што значи енвироменталната психологија е контекстот. 

          Во контекст на современото општество каде што проблемите во животната средина се зголемуваат и ја загрозуваат одржливоста на човечката егзистенција, клучно е на психологијата на животната средина да и се даде соодветно значење.

сублимирана структурна анализа на 5 типолошки решенија  на болници од аспект на критериуми кои ги налага прогресивниот дизајн / од едиторите на списанието Progressive architecture. 

founder & content creator

Leave a Reply