Интердисциплинарна анализа на социјалните проблеми. функционални и нефункционални средини

      Изградената средина е аспект на животната средина на кој се повеќе му се посветува истражувачко внимание. Изградената средина се дефинира како дел од физичката средина што е конструирана или модифицирана од човековата активност. Таа во себе ги инкорпорира начините на користење на земјиштето, транспортните системи, урбаниот дизајн, зелените површини, накратко урбаното ткаење составено од волумени и празнини. Бидејќи повеќето активности на корисниците се случуваат во текот на денот во изградената средина, а не во нивното слободно време, оттука квалитетите на изградената средина имаат значајна улога во олеснувањето на проактивен начин на живот преку намалување на бариерите и создавање можности за физичка активност.

 

 

 Карактеристиките на изградената средина кои имаат влијание врз степенот на нејзината фукнционалност вклучуваат:

• локација, густина и мешовитост во намената на земјиштето

• класификации на инфраструктурно поврзување

• пристапност до јавни услуги, работа, локална храна и други услуги

• безбедност и сигурност

• отворен и зелен простор

• достапно и енергетски ефикасно домување

• квалитетот на воздухот

• отпорност на екстремни временски настани и климатски промени

• интеракција со заедницата

• транспорт

 

          Изградената средина е тесно поврзана со здравствените нееднаквости, при што посиромашните луѓе егзистираат во средини со лош квалитет на воздухот, со речиси оневозможен пристап до зелените површини, и се едни од најчестите жртви со фатален исход во сообраќајот. Тенденцијата на иницирање промени во урбаните ткива може да ги намали овие нееднаквости преку создавање и одржување на изграденото опкружување кое ќе биде погодно за физичка активност. Големиот број на општествени, економски и еколошки придобивки, вклучуваат адаптација и ублажување на климатските промени, биодиверзитет, намален сообраќаен метеж, ревитализација на локалната економија и зголемена кохезија и социјална интеракција во заедницата. Единствениот начин на кој би се постигнале зголемени нивоа на физичка активност е преку правење промени во урбаната форма, физичкиот состав и рационалната употреба на  изградените ткива. Вградувањето на физичката активност во дневните рутини бара низа активности кои заедно ги прават активното патување, одморот и случајните активности во дневните рутини на корисниците, најлесни, најевтини и најпривлечни опции. Таа може да биде функционална и нефункционална.

  

 

Сл. 1 пример за урбана стимулативност
Сл.2 пример за урбана заразност, социјално предизвикано метастазирање

Типологија на средини

 

ФУКНЦИОНАЛНА СРЕДИНА

 

Според Кевин Линч, функционалноста на урбаните средини се мери според:

 

а.      Степен на прошетливост (Walkability of neighbours)

 

б.   Вид на социјална заразност (Social contagion)

 

      Степенот до кој изградената средина е пријателска за присуството на луѓе кои живеат, пазаруваат, посетуваат, уживаат или поминуваат време на единица простор се нарекува степен на „прошетливост“ (walkability). Населба за пешачење е онаа која е густо населена, каде што егзистираат мали локални бизниси и услуги, и конечно каде што улиците се добро поврзани за да се олесни циркулацијата меѓу намените. Спротивно на тоа, големата урбана распространетост се карактеризира со мала густина на користење на земјиштето, мала густина на станбени објекти, отсуство на центар на градот и помала поврзаност со улиците, па затоа пешачењето и возењето велосипед се непрактични во голема урбана распространетост и како такви се поврзани со седентарен начин на живот.

 

КАРАКТЕРИСТИКИ

• Разновидноста во начинот на користење на земјиштето се однесува на нивото на интеграција во областа на различни видови на намени за физички простор (станбен, комерцијален, индустриски, инфраструктура и земјиште за општа употреба).

• Уличната поврзаност се однесува на леснотијата на патување помеѓу две точки што е директно поврзано со карактеристиките на уличниот дизајн. 

• Пристапноста се однесува на леснотијата со која може да се дојде до посакуваните места или активности и се однесува на системот за користење на земјиштето и транспортниот систем.

тенденцијата на урбанистичкото планирање треба да се насочи кон контролирано адаптирање и оптимизирано мултиплицирање на средини кои се безбедни, атрактивни, промовираат лесен пристап до природните ресурси и различни можности погодни за усвојување на здрави начини на живот.

           Дизајнот и одржувањето на населбите, улиците, парковите и перцепцијата на луѓето за тие места врз основа на квалитети како што се естетска привлечност и перцепирана безбедност може да влијае на физичката активност кај населението. За слободното одење, перципираната естетика – визуелна привлечност и безбедноста од криминал и густ сообраќај може да влијаат дестимулативно на желбата за пешачење. Естетските карактеристики на соседството всушност ја стимулираат физичка активност.

         Рекреативните и транспортните системи кои ја креираат физичката активност се најмногу под влијание на изградената средина. Добро поврзаните улични мрежи создаваат рути кои се пократки до дестинации кои го олеснуваат пешачењето од место до место, па затоа нивниот дизајн  потребно е да се стреми кон чести вкрстувања и ортогонална геометрија.

      Тротоарите и велосипедските патеки во населбите го промовираат активниот транспорт. Луѓето се чувствуваат побезбедни и повеќе уживаат во активноста со овие функции. Поставувањето станбени и комерцијални области во непосредна близина помага да се намали зависноста од автомобили и истовремено да се поттикне активниот транспорт. Рутите што ги поврзуваат дестинациите треба да поттикнуваат возење велосипед и пешачење.

      Јавните отворени простори поттикнуваат физичка активност за време на слободното време меѓу населението. Тие мора да бидат лоцирани во близина, лесно достапни од жителите и да имаат удобности со добар квалитет. Игралиштата и парковите се поатрактивни за физичка активност кога перцепцијата на луѓето за нив е сигурна и пријатна. Децата, семејствата и организациите претпочитаат да посетуваат и поминуваат време на привлечни места. Естетиката на соседството, како што се чистотата, атрактивни природни знаменитости – уредување на пејсажи и погледи, промовира пешачење за рекреација. 

Конечно, изградената средина која е безбедна, атрактивна, промовира лесен пристап до здрава храна и различни можности да се биде физички активен секојдневно се смета за погодна за усвојување на здрави начини на живот.     

НЕФУНКЦИОНАЛНА СРЕДИНА

       Нефункционалното опкружување, место каде што поединецот не се чувствува поддржан или признаен на кој било начин, ниту пак почитуван поради она што е. Ова може да биде средина што ја принудува личноста постојано да ги преиспитува своите вредности и себе си, преку хиперпродукција на негативни размислувања кои се случуваат без причина или предупредување. Дисфункционалната средина е средина каде однесувањето и ефектите од тоа однесување остануваат незабележани, каде луѓето се поттикнуваат на пасивност и летаргија, до оној степен да немаат свест за нивните постапки или за штетните влијанија на кои се изложени било тоа да се физички или ментални. 

Сл. 4 Нефункционални средини (пример. станбени блокови околу мостот Вашингтон изградени околу автопатот)
Сл. 5 Урбана мрежа (висок и низок степен на прошетливост)

Причина за појава на гојазност кај населението

• Зголемена понуда и намалена цена на храната

 Раст на ресторанот и брзата храна

• Нови технологии во домот вклучувајќи микробранови печки

• Урбано ширење и намалено ниво на психичка активност (not integrated community) распрснување urban sprawl – Кога зоната за домување е на голема далечина од економската зона

• Зголемени даноци на агрегати 

      Eпидемијата на дебелина e резултат на недостатокот на инфраструктура во населбите и на градско ниво што поддржува физичка активност, активни животни стилови и правичност во пристапот до здрава храна. Покрај тоа, културата на потрошувачка и погодност поврзани со прекумерната употреба на автомобилите од страна на нацијата како превозно средство игра важна улога во оваа епидемија. Американците поминуваат огромно време во своите автомобили возејќи до работа, училиште што несомнено остава малку време за редовна физичка активност. Според статистиките во 2006, повеќе од 66% проценти од возрасните Американци имале прекумерна тежина, што е повеќе од 47% во доцните 1970-ти. Понатаму, се забележува разлики во физичката активност и пристапот до здрава храна помеѓу луѓето од различна припадност, па така латиноамериканците, афроамериканците имаат 2,6 пати поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2 отколку останатите американци во истата возрасна група, соодветно. Овие статистички податоци откриваат мрачна иднина за Американците, особено ако не се преземат чекори за подобро разбирање на влијанието што зонирањето и планирањето го имаат врз економијата и одржувањето на населбите кои во ваков контекст имаат штетни ефекти врз јавното здравје. Од тука, се иницира потребата од дефинирање на терминот социјална заразност (social contagion) како феномен за да ја потенцира важноста на опкружувањето,  кое со своите физички и социјални карактеристики значително влијае врз здравјето на маргинализираните групи.  

       Социјалната заразност вклучува однесување, емоции или состојби кои спонтано се шират низ група или мрежа. Некои научници го вклучуваат непланираното ширење на идеи низ населението како социјална зараза, иако други претпочитаат да го класифицираат како меметика. Општо земено, се подразбира дека социјалната зараза е одвоена од колективното однесување кое произлегува од директен обид да се изврши општествено влијание.

 

      Две широки поделби на социјална зараност се бихејвиорална зараза и емоционална зараза. Проучувањето на социјалната зараза ќе се интензивира во 21 век. Многу неодамнешна работа вклучува академици од социјална психологија кои ги истражуваат социјалните мрежи на Интернет. Студиите во 20 век обично се фокусирале на негативни ефекти од насилното однесување на толпата, додека оние од 21 век, иако понекогаш ги разгледувале штетните ефекти, честопати се фокусирале на релативно неутрални социјални епидемиолошки појави , како што е влијанието врз изборот за купување, па дури и на позитивните ефекти како тенденцијата луѓето да преземаат акција за климатските промени штом тоа ќе го направат доволен број од нивни соседи.

 

Примери: социјален тренд, ширење на декадентни појави (пушење, пиење, епидемија на кардиоваскуларни болести, нарушувања во исхраната кај маргинализираните групи кога индивидуалните карактеристики на единица простор, се пресликуваат во околината и се усвојуваат како општо прифатени, независно дали се позитивни или негативни. 

        Па така, доколку се земе во предвид урбаното ткање на една заедница, како своевидно пресликување на општествените, социјалните и бихејвироралните поставки на нејзините припадници, тогаш како би знаеле да ги окарактеризираме општо прифатените тенденции, како развој или декаденција на урбаната форма?

        Лаички е да се констатира дека мултиплицирањето во било поглед, на одредена урбана типологија значи развој, и исто толку неблагодарно да се одредеди степенот на фукнционалност во даден плански опфат, без да се земе во предвид можноста за адаптација и оптимизација на стандардот на корисниците. Проф. Стоколс (социјален екологист) во 1978 година овој реципроцитет ќе го проучува низ два сегменти;

 

(а) континуираната размена и реципроцитет што го карактеризира односот на поединецот со неговата/нејзината околина;

(б)  активно вклучување во процесите – на поединецот кон околината.

 

       Додека адаптацијата се однесува на обидите на луѓето, да се справат со постоечките услови на животната средина, оптимизацијата вклучува планиран процес со кој поединците одлучуваат да го одржуваат или менуваат своето гледиште во согласност со степенот на развој на градовите. Континуитетот и реципроцитетот помеѓу индивидуата и средината е можен единствено доколку истата е функционална и ја поттикнува неговата активност и благосостојба. Во спротивно, корисникот преминува во пасивна адаптација, бидејќи самостојно не ги поседува механизмите да ја промени па затоа и оптимизацијата е неможна. 

       Поради тоа тенденцијата на урбанистичкото планирање треба да се насочи кон контролирано адаптирање и оптимизирано мултиплицирање на средини кои се безбедни, атрактивни, промовираат лесен пристап до природните ресурси и различни можности погодни за усвојување на здрави начини на живот единствено преку градење мостови помеѓу повеќе дисциплини како што се социологијата, демографијата, урбанизмот и здравството итн. што би помогнало да се поттикне здрав урбан развој на заедницата.

founder & content creator

Leave a Reply

Your email address will not be published.