Историско потекло и претпоставки за еколошката парадигма

      Детерминизам е теорија употребена во урбанизмот, социологијата и психологијата на животната средина која тврди дека изградената средина е главната, па дури и единствена детерминанта на општественото однесување. Баум го дефинира поимот: „Во својата најекстремна форма, со тврдењето дека околината предизвикува одредени однесувања, негирајќи каква било интеракција помеѓу околината и однесувањето”. Архитектонскиот детерминизам ја поставува идејата дека луѓето можат да се прилагодат на секоја просторна формација и дека однесувањето во дадената средина е целосно предизвикано од карактеристиките на околината. 

      Сепак, поимот добива универзална применливост само со подемот на бихевиоризмот, функционализмот и утописката социјална програма на модернистичкото архитектонско движење. Терминот првпат e споменат од Морис Броуди во неговиот труд од 1966 година „Социјална теорија во архитектонскиот дизајн“, кој исто така грубо ја критикува авторитарната природа на ова верување. Малку архитекти го поддржуваат ставот дека дизајнот може да го контролира однесувањето, но долго време е претпоставка меѓу урбанистите и архитектите дека архитектурата може да го ограничи и канализира однесувањето на предвидлив начин. За ваквиот позитивистички став Адолф Бехне ќе каже: „можете да убиете човек со зграда, исто толку лесно како со секира“. Иако, денес тенденцијата во урбаните средини води кон дискредитирање на детерминистичката хипотеза како објаснување на општественото однесување, сепак претставува значајно појдовно гледиште при потенцијална урбана обнова.

 

      Архитектонскиот детерминизам треба да се гледа помалку како апсолутна методологија за дизајн, а повеќе како свесност за потенцијалните ефекти врз нашето однесување во просторот. Од таму потекнува и концептот за спречување на криминалот преку дизајн на животната средина (CPTED) кој се обидува да ги измени девијантните однесувања преку соодветен дизајн на урбаните простори и нивна реактивација.  

Пример за енвироментална детерминистичка теорија. Ситуација во основа од студентски дом и поставеноста на вратите во пресек

 

 

     1.  Просторната близина помеѓу соседите поддржува социјална интеракција

2. Начини на поврзување во зависност од далечина до социјални контакти и пријателски формации

А. Физичка далечина е Просторна разделеност помеѓу влезни врати на соседни станови

Б. Функционална далечина. Шема на човеково движење

 

 

илустративна анализа на урбани референци и нивни релации

Влијанија предизвикани од релацијата меѓу физичката далечина и пријателска формација (proximity)

 

При анализа на даден комплекс, согласно местоположбата на станбените единици може да се предвиди кој корисник ќе оствари социјализација и тоа директно зависи од растојанијата на влезовите и поставеноста на станот во комплексот. Оние кои живеат на поблиски линеарни растојанија остваруваат пријателства, имаат и развиваат слични политички влијанија, делат инвентар. Корисниците кои живеат блиску до комуникациите во зградата, веројатноста дека ќе имаат тенденција да се спријателуваат со останатите луѓе во зградата е поголема. Поради тоа, заклучокот е дека физичката дистанца и типологијата на урбаните ткива, влијаат на степенот на интеракција која корисниците ќе ја имаат меѓусебно. Конечно урбаната форма директно учествува во детерминирањето на односот и формирањето на карактерот на личноста воопшто.

 

 

 

 

Фактори кои ги намалуваат ефектите на просторната близина кон формирањето на социјалните шеми:

 

1. Различност меѓу соседите

2. Мала потреба од взаемна помош

3. Богатство и географска мобилност

4. Пристап до интернет и дигитални комуникациски технологии

Еколошката парадигма како мост помеѓу човековото однесување и благосостојба

Еволуцијата на еколошката парадигма низ историјата

1.      Биоекологија (Darwin, haeckl, clements, late 1800-early 1900s)

2.      Хумана екологија (park, burgess, mckenzie, firey, Hawley, 1920-1960s)

3.      Социјална екологија (alihan 1938, emery & trist 1972, Michelson 1970)

4.      Еколошка психологија (baker, 1968, Bronfenbrenner 1978)

5.      Програма за социјална екологија на UCI (binder 1972, Catalano 1979)

 

Клучни концепти во рамките на еко-парадигмата

а. Главните единици на анализа – екосистем, живеалиште, биом, поставка на однесување

б. Процесите на човеково – енвироменталните адаптации – мрежа на луѓе, борба за егзистенција, природна селекција, опстанок на најсилните, највисоко и најдобро искористување на земјиштето, хомеостаза, нерамнотежа и стрес

в. Методолошки претпоставки – акцент на таргетирани популации, макро ниво на анализа, ненаметливи набљудувања на видовите во нивното природно живеалиште во подолги периоди, анализи на објективни наспроти субјективни податоци



      Доколку однесувањето се перцепира (според Чикачката школа за хумана екологија) како оптималмно само доколку е во согласност со однапред утврдните закони и општествени норми од страна на предметната физичка средина, тогаш и пропорционално на тоа бихејвијоралните поставки може да ги дефинираме како систем во директна интеракција со околината. Од тука индивидуата развива механизми за адаптација со цел да ја одржи рамнотежата со заедницата и тоа: преку вмрежување во групации, природна селекција за конечно да се обезбеди егзистенција на популацијата. Кога хомеостазата (рамнотежата) помеѓу овие системи ќе се наруши, дизбалансот се реинтерпретира во околината и конечно на корисниците преку диретна изложеност на урбаните стресори ( бучава, загадување на воздухот, климатски промени). 

      Стресот настанува кога поединците сфаќаат дека не можат адекватно да се справат со барањата што им ги наметнува околината, и истите ги доживуваат како закана за нивната благосостојба. Стресот, се дефинира само како перцептивен феномен кој произлегува од споредбата помеѓу побарувачката на личноста и нејзината способност да се справи. Нерамнотежата во овој механизам, доведува до изложеност на стрес и предизвикува неочекуван одговор на истиот.  Лазарус,Психолошки стрес и процеси на справување (1966).

   

Пример 1. Влијанието на човекот врз екосистемите – адаптацијата на природата за потребите на луѓето, продуцира дисбаланс во системот на чии последици верижно се изложени сите чинители. 

 

Танкери за транспорт на јаглен по реката Јангзе, Кина
Опасност од поплава на хидроелектраната Три Клисури, Чонгкинг, Кина

               а. ЕКОЛОШКИ РАСИЗАМ

 

      Еколошкиот расизам е непропорционално влијание на опасностите од животната средина врз маргинализираните групи. Тој е предизвикан од неколку фактори и вклучува запоставување на земјиштето, континуирано загадување во урбаните средини, недостаток на институционална моќ и ниска вредност на земјиштето, на кој како сопственици се лица со ниски примања. Следствено,  факт е дека заедниците со ниски приходи се несразмерно погодени од загадувачките индустрии (капацитетите за опасен отпад) како и од недостатокот на механизми за нивно регулирање.

Пример 2. Изложеноста на енвироментални стресори во градските ткива, детерминира појава на настинки кај луѓето во одреден временски интервал

 

Набљудувана поврзаност помеѓу индексот на психолошко-стрес и стапката на инфекција и здружението приспособено за стандардни контролни променливи.

Субјекти со низок степен на психолошки стрес (индексни вредности под средната вредност) и високи степени на стрес (вредности над просечните) кои имале настинки, според групата предизвик-вирус.

Методологија. Поизвршеното истражување на 394 здрави испитаници кои биле изложени на пет различни респираторни вируси, утврдено е дека психолошкиот стрес е тесно поврзан со појавата на зголемен ризик од акутна инфективна респираторна болест во опреден временски интервал, независно од возраста, физичката состојба на индивидуата. Стресните животни настани ја потиснуваат отпорноста на домаќинот на инфекција. Кога барањата наметнати од околината ја надминуваат способноста на личноста да се справи, се предизвикува психолошки стресен одговор составен од негативни когнитивни и емоционални состојби.

 

 

УРБАНИЗМОТ КАКО РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЈАТА ОД ЕНВИРОМЕНТАЛЕН СТРЕС

      Во чекор со растечкиот тренд на пренаселеност на урбаните средини во последните децении и здравствените ризици поврзани со истиот нужно е да се преиспита урбаниот модел и да се насочи кон ренатурализација и одржливост. Клучно е редизајнот да се стреми кон мултипликација и хиперпродукција на зелена инфраструктура во зоните за домување и околу некомпатибилните намени при што значително ќе влијае кон: подобрен квалитет на воздухот, пониски температури и намален термички стрес, зголемена физичка активност и поголема социјална интеракција. Градскиот модел на 21 век, освен социјалната интеракција преку промена во моделите на мобилност, кои во моментов главно зависи од широката употреба на моторни возила, треба да се насочи кон фаворизирање на “алтернативните” превозни средства и конечно да цели кон идеалот за хомеостаза.

Графички модел на теоријата за справување со енвироменталниот стрес. Лазарус и Фолкман (1966 година)
(15 минутен град) концепт за урбана преобразба на Париз
Типологии на градската форма

founder & content creator

Leave a Reply

Your email address will not be published.