Организации и асоцијации

Новата област во полето на психологијата на крајот на 1950-тите и во текот на 1960-тите години, како интердисциплинарна фокусирајќи се на меѓусебната соработка помеѓу човекот и неговата околина, се развива во два сосема различни диференцирани правци, во Европа и САД. Па така и дефинирањето на постулатите кон овој вид психолошко истражување ќе се насочи кон:

 

А.  физичките карактеристики на околината (Proshansky et al., 1979), и

Б.  врската помеѓу човековото однесување и социофизичката средина (Stokols, 1978; Stokols and Altman, 1987).

 

Иако, повеќе фактори ќе се пресудни за нејзиниот развој, сепак приматот и системските иницијативи при основањето на енвиронменталната психологија ќе се случат токму во Америка во 1958 г., во облик на научни групи формирани при универзитетите во Њујорк, Ирвин и Масачусетс. Овие навидум наивни облици, предводени од Вилијан Ителсон и Харолд Прошански ќе ја проучуваат просторната поставеност на болниците и нејзиното влијае врз третманот и процесот на заздравување кај пациентите, како и односот кон непосредниот контекст. Од оваа деветгодишна соработка ќе произлезе првиот том од зборникот наречен Енвиронментална психологија. Човекот и неговата физичка околина {Environmental Psychology: Man and His Physical Settings), како предвесник на создавањето на првите поголеми организации и здружувања кои ќе се посветат на актуализирање на важноста на се она што значи животна средина (нејзините природни и социјални поставки, урбани заедници) во корелација со човекот како корисник.

Списание за архитектура/Architectural psychology/28 Февруари – Март 2, 1969, едитирано од Дејвид Кантер
Асоцијации кои ја проучуваат енвироменталната психологија

Асоцијација за истражување на дизајнот на животната средина (EDRA)

Една од првите асоцијации која ќе се занимава со ваков тип на истражувања е ЕДРА (Асоцијација за истражување на дизајнот на животната средина) основана во 1968 година, (од професионалци, научници од сверата на општествените науки, студенти едукатори и проект менаџери) како резултат на серија конференции, посветени на нови учења и практики кон создавање на похумана заедница.

Во период на недостаток од социјална свесг, но со доза на нескротлив оптимизам, ЕДРА ја гради нишката помеѓу процесот на проектирање и општествените науки како неопходна за подобрување на проблемите во животната средина.

Нејзината мисија е да обезбеди колаборативна, мултидисциплинарна заедница за поврзување на теориската основа и практиката на препознавање и создавање на средини кои одговараат на различни човечки потреби, преку:

ВИЗИЈА

  • Препознање и создавање похумани средини во соработка со глобалните чинители/заедници
  • Промовирање на врвни истражувања кои се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на животот на сите луѓе
  • Мониторинг на индустријата и нејзино дисциплинирање во урбаните средини
  • Рамнопправност при застапување на различни групи на корисници потрагата по социјална правда

Како мала групација од 30 учесници на чело со архитектот Хенри Саноф, ЕДРА ќе го добие статусот на непрофитна организација спонзорирана од одделот за градско и регионално планирање кон крајот на 1972 година. Како производ на Групата за методика на дизајнот  (DMG) на универзитетот МИТ во Северна Каролина, почнувајќи од првата конференција (одржана во Чапел Хил,на 8 јуни 1969 година) главно ќе се осврне на прашања поврзани со визуелна перцепција, оперативна игра, компјутерски дизајн, методика на дизајнирање, управување и квалитет на животната средина во корелација со  комуникациските системи. Овој период претставува златната доба на ЕДРА, каде детално се разработува инклузивноста за една холистичка визија за околината, за едни поживи градови надополнета со организациска и архитектонска структура.

ЕДРА ДЕНЕС

 Имајќи ја во предвид сестраноста во структурата на членовите, од денешен аспект, главиот фокус ова здружение го аплицира на одржливоста, методите за евалуација на објекти, активното живеење и планирање на заедницата, како и  дизајнот на работните простори и уделот на дигитализацијата во овие процеси, главно преку годишни конференции. На овие симпозиуми во САД и ширум светот, покрај зборникот кој претставува сублимат од поканетите трудови, работилници и постери, се доделуваат и неколку позначајни награди и тоа:

  • Награда Great Places: Сè попрестижна награда која се доделува од 1998 година за извонредни проекти за дизајн во категориите планирање, дизајн, истражување и книги.
  • EDRA Career Award: Годишна награда во чест на кариерата и значајниот придонес во истражувањето, наставата или практиката за дизајн на животната средина.
  • EDRA Achievement Award: Годишна награда со која се оддава признание за исклучителен придонес во областа на дизајнот и истражувањето на животната средина.

АМЕРИКАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ (APA)

Американската асоцијација за планирање (АПА) е професионална организација од областа на урбанистичкото планирање во Соединетите држави и е формирана во 1978 година, во времето кога две посебни професионални организации за планирање, Американскиот планерски институт и Американското здружение на лиценцирани планери, ќе мигрираат во една организација.

Цел и Мисија

 Како и многу професионални групации, главната функција на Американското здружение за планирање е да служи како форум за размена на идеи помеѓу луѓето кои работат во областа на урбанистичкото планирање, преку следење на различните материјализирани траги кои се во тек низ земјата, како и практиките за унапредување на модалитетите кои водат до поквалитетни урбани решенија.

Американската асоцијација за планирање одржува годишна национална конференција која има за задача да ги имплементира сите актери во генерирањето на урбаната форма (планери, претставници на локалната самоуправа, комесари за планирање, застапници и студенти) од  САД, Канада и светот. Сега секоја конференција е домаќин на неколку стотици индивидуални сесии со илјадници присутни.

Организација

Хиерархиски, здружението е дисперзирано на 47 државни региони, како што е НАПА (Поглавје на АПА во Њу Џерси) или Западно централно поглавје на АПА, каде секој од членовите се приклучува  според своето место на делување. Преку актот на здружување на повеќе регионални претставништва, асоцијацијата успешно ги имплементира сопствените заложби за доедукација, информирање и системско вмрежување. Покрај печатеното издание на Американското здружение за планирање (JAPA, ISSN 0194-4363), уште од 1935 година како списание за планери, а од 1943 година познато како весник на Американскиот институт за планери (ISSN 0002-8991). Здружението делува локално преку објава на брошури, стручни обуки и присуство на социјалните медиуми.

При застапување на интересите, Американската асоцијација за планирање е поделена на 21 дивизија, преку која се разгледуваат различните стратегии за планирање на професионалци со фокусирани интереси, истовремено нудејќи им на своите членови, стручна дообразба, и можност за интернационала соработка.

ИНТЕРЕСЕН Е МОМЕНТОТ НА РИГИДНОСТ КОЈ СЕ ПОЈАВУВА ВО ДОМЕНОТ НА АКАДЕМСКАТА ПСИХОЛОГИЈА И НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРОДУКЦИЈАТА НА АПСТРАКТИ, КОЈА ГЛАВНО ДОАЃА ОД ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА АРХИТЕКТУРА И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ.

МЕЃУНАРОДНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПРИМЕНЕТА ПСИХОЛОГИЈА (IAAP)

Основана во 1920 година, Меѓународната асоцијација за применета психологија е најстарата и најголема меѓународна асоцијација на поединечни членови и придружни меѓународни асоцијации. Неговите официјални јазици се англискиот и францускиот.

Цел и Мисија

Произлегува од потребата за промовирање на науката и практиката на применетата психологија и да се олесни интеракцијата и комуникацијата меѓу применетите психолози ширум светот.

Здружението разликува шест категории на членство: полноправни членови, стипендисти, студенти, почесни, придружни организации и членови на Алијансата.

Меѓународната конференција за психологија на животната средина (ICEP) е организирана под покровителство на ИААП, во период од две години,  привлекувајќи стотици истражувачи од десетици земји низ светот. Учесниците имаат можност да презентираат и/или да научат за најновите истражувања на широк спектар на теми, од психолошките аспекти од влијанието на климатските промени до влијанието на дизајнот врз продуктивноста во работните простори.

МЕЃУНАРОДНА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ И НЕГОВАТА ОКОЛИНА (IAPS)

              Како успешен производ на серија конференции во неколку европски земји од 1969 до 1979 година и еквивалент на ЕДРА ќе биде основана Меѓународната асоцијација за проучување на луѓето и нивната физичка околина (lAPS), која подоцна ќе го промени името во Меѓународна асоцијација за луѓе – студии за животна средина. Оваа организација ќе ја темели својата работа врз интердисциплинарната размена на идеи помеѓу урбанизмот и општествените науки повеќе од 35 години со посебен акцент на  планирањето, архитектурата, психологијата и социологијата.

Цели

 – Комуникација меѓу оние кои се занимаваат со односите меѓу луѓето и нивната физичка средина,

 – Хиперпродукција на истражувања за подобрување на човековата благосостојба и физичката средина,

 – Промоција на интегрирањето помеѓу образованието, политиката и практиката;

 

           Студиите за луѓе-средина, кои потекнуваат од психологијата на животната средина (Лјуин, Баркер, Брунсвик), отсекогаш се обидувале да ги затворат „умствените празнини“ помеѓу природните науки, инженерството, уметноста и општествените науки со епистемиолошки пристап кој опфаќа ознаки (предмети и техники) како и конотации (субјективни општествени, културни значења).

ИСТОРИЈА

          Иако официјално конституирана пред 41 година, појавата на теоретско и емпириско здружување помеѓу психолозите и архитектите во Европа датира од неколку децении порано. Интересен е моментот на ригидност кој се појавува во доменот на академската психологија и најголемиот дел од продукцијата на астракти, која главно доаѓа од одделенијата за архитектура и планирање. Некои сметаат дека тоа се должи на имплементирање на психолози во студиските програми за архитектура која како експериментално заснована нуди повеќе можности наспроти строгата норма во многу катедри за психологија.

               Даландхуи, северно од Глазгов во 1969 година каде педесетина луѓе на чело со Дејвид Кантер ќе го иницираат еволуирањето на еден мошне наивна дотогаш гранка на применетата психологија во сериозна дисциплина, ќе го означи почетокот на една ера во архитектонската психологија во Европа.


              Втората конференција за архитектонска психологија и појавата на IAPS, всушност е тесно поврзана со научната работа на психолозите Теренс Ли и Дејвид Кантер пред се преку формирањето на Магистерска програма по психологија на животната средина во 1971 година на Универзитетот Сари во Британија. Имајќи го предвид бројот на веќе постоечки организации од областа на психологијата, социологијата, ергономијата и архитектурата, и покрај серија на конференции во Шведска и Британија, идејата за меѓународна организација созреа дури 9 години подоцна. По дефинирање на  на контурите на новото здружение, и номинирање на раководството ИАПС и конечно ќе биде формално основана.

                   Во последните 40 години, делувањето на IAPS ја потенцира потребата од меѓународна асоцијација која служи како отворен форум за споделување идеи и резултати од истражување на луѓе кои се занимаваат со односите меѓу луѓето и животната средина од сите континенти во светот, без разлика на нивното етничко потекло, нивните религиозни убедувања или нивните политички определби.

  

шематски прикази на взаемната зависност помеѓу социолошките процеси и архитектурата.

founder & content creator

Leave a Reply

Your email address will not be published.